Centar.mk
СВЕТ

Голем хакерски напад во Данска: украдени се податоци на 8,8 милиони луѓе

Хакиран е централниот регистар што ја содржи листата на поединци и нивните адреси во Данска, со што е овозможен пристап до податоците на 8,8 милиони луѓе, соопшти денеска данското Министерство за дигитализација.

„Националната агенција за регистрација (CPR) утврди дека неовластени лица стекнале нелегален пристап до имињата, адресите и CPR-броевите (еквивалент на број за социјално осигурување) на приближно 8,8 милиони регистрирани поединци (живи, починати, оние што емигрирале итн.)“, се наведува во соопштението.

Аномалии откриени во септември
Во тек е истрага, но сторителите сè уште не се идентификувани во оваа фаза, посочи истиот извор. Пристапот до податоците бил остварен преку легитимните права за пристап на една данска компанија; тој пристап оттогаш е укинат. Агенцијата во петокот била известена за „аномалија“ во системот CPR што се случила „во текот на септември“.

„Ова е исклучително сериозен инцидент“, изјави министерката Кристина Егелунд, според соопштението за јавноста. „Во процес сме на утврдување на целосниот обем на инцидентот заедно со сите релевантни надлежни органи“, додаде таа. По истекувањето на податоците, агенцијата соопшти дека презела мерки за спречување слични инциденти.

Националниот регистар содржи податоци за 11 милиони луѓе. Покрај поединците што моментално живеат и престојуваат во Данска, тој содржи информации и за починатите, како и за оние што ја напуштиле земјата. Поединците со заштитени адреси и имиња не биле погодени од истекувањето на податоците, се додава во соопштението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО ТУРЦИЈА – Климатските активисти бараат вистински промени од светските лидери

ДЕСК

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА НА МИСИСИПИ – Танкер удри во крузер во Њу Орлеанс, најмалку 32 лица повредени

ДЕСК

СВЕТСКИ ДИПЛОМАТСКИ СОБИР ВО КАМБОЏА – Министрите разговараат за мирот и иднината на франкофонските држави

ДЕСК