Centar.mk
СВЕТ

ЦРВЕН МЕТЕОАЛАРМ ВО КАТАЛОНИЈА: Можни над 200 литри дожд за шест часа

Шпанија се соочува со нов ден на екстремни временски услови. Каталонија е под највисоко, црвено предупредување, а метеоролозите предупредуваат дека локално може да наврнат повеќе од 90 литри дожд за еден час и над 200 литри во период од шест часа.

Каталонските власти уште синоќа воведоа ограничувања на движењето и суспендираа бројни активности на отворено во дваесетина области. Невремето веќе предизвика откажани и одложени летови, спортски натпревари и културни настани.