Centar.mk
СВЕТ

ЛАТВИЈА ГИ БРОИ ГЛАСОВИТЕ ПО ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: Првичните резултати покажуваат предност за проевропскиот блок

Во Латвија утрово продолжува пребројувањето на гласовите од парламентарните избори. По обработката на повеќе од половина од гласачките места, првичните резултати укажуваат на силна позиција на проевропските политички сили.

Резултатите сè уште се делумни и конечниот распоред на силите ќе зависи од целосното пребројување и од можните коалициски договори. Изборите се следат внимателно и поради безбедносната политика на балтичката држава и нејзиниот однос кон Русија.