Centar.mk
БИЗНИС

ПЛАТИТЕ РАСТАТ: Во јули 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48.499 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2026 година, изнесуваше 48 499 денари, извести ДЗС.

Во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.1 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10.7 %, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10.4 % и Дејности во врска со недвижен имот за 9.6 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 4.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3.2 % и Градежништво за 2.3 %.

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ НАБАВУВА СТРУЈА ЗА РЕЧИСИ 17 МИЛИОНИ ЕВРА – Прифатени понуди од осум домашни снабдувачи

ДЕСК

КОЛКУ ЌЕ ВРЕДАТ ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ОД ПОЛНОЌ? – Народната банка ја објави курсната листа за 25 ноември

ДЕСК

БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА ПРЕД НОВА РАСПРАВА – Поднесени 400 амандмани, дефицитот планиран на 3,5 проценти

ДЕСК