Њујорк, 21 септември 2026 – Ѓорев Холдинг како партнер и спонзор на деловната средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк, овозможи поврзување на македонскиот и американскиот бизнис сектор на највисоко ниво.
Овозможувањето на оваа средба е и лична иницијатива на г. Ѓорев и дел од неговите заложби за развој интернационален на македонските компании, и нивен полесен пристап на американскиот пазар.
„Квалитетни деловни врски не се градат преку ноќ, но токму ваквите средби отвораат простор за поголемо присуство на македонските компании на американскиот пазар. Овој настан отвора нови можности, и силна перспектива за македонската економија“, изјави Блажо Ѓорев, основач на Ѓорев Холдинг.
На средбата се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, пред претставниците на американската деловна заедница.

Учеството на Ѓорев Холдинг како ко-домаќин на настан од ваков ранг го потврдува растечкото значење на македонскиот бизнис во поврзувањето на двете економии.
BCIU е основан во 1955 година како иницијатива на Белата куќа и претседателот Двајт Ајзенхауер. Денес, организацијата обединува повеќе од 200 компании, меѓу кои и голем број компании од Fortune листата, и претставува платформа на која водечки претставници на глобалниот бизнис се среќаваат со шефови на држави и влади, како и со лидери на меѓународни компании.
За Ѓорев Холдинг
Ѓорев Холдинг е приватна група компании со присуство од двете страни на Атлантикот, активна во финансии, мобилност, логистика, градежништво и оперативни услуги. Групата обединува повеќе самостојни компании во САД и Македонија под заедничка стратегиска насока, поддржувајќи го нивниот раст, соработка и меѓусебна поврзаност. Основач и извршен директор е Блажо Ѓорев.
За Пантелеон ГС Скопје
Пантелеон ГС Скопје е компанија специјализирана за аутсорсинг на деловни процеси за компании на американскиот пазар, со фокус на транспортната и логистичката индустрија. Тимовите на компанијата обезбедуваат поддршка во финансии, сметководство, факторинг, лизинг, осигурување и контролинг, овозможувајќи им на професионалци од Македонија да градат меѓународна кариера од својата земја.


