Поради големиот интерес за промоцијата на „Раскинување на договорот“, Сотирис Минас утре, среда, 23 септември, од 12 до 13 часот, повторно ќе биде со читателите во книжарницата на „Матица македонска“ на булеварот на книгите во Скопје.
За сите што не успеаја да присуствуваат на промоцијата, ова е нова можност лично да го запознаат авторот, да поразговараат со него и да добијат потпис на својот примерок. Во книжарницата ќе бидат достапни последните примероци од изданието.
Грчкиот поет го научи македонскиот од солидарност, а своите песни самиот ги препеа на нашиот јазик. „Раскинување на договорот“ ги носи грчките оригинали и македонските препеви напоредно, во книга за личната слобода, достоинството и храброста да проговориш кога од тебе се очекува да молчиш.
На средбата се добредојдени и читателите што веќе ја имаат книгата и сакаат да ја понесат на потпишување.
Книжарницата на „Матица македонска“ се наоѓа на бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 23 во Скопје.
Матица македонска


