Centar.mk
СВЕТ

Полицаец уапсен во Франција под сомнение дека подготвувал терористички напад

Француските антитерористички истражители уапсија 35-годишен полицаец во предградие на Париз под сомнение дека подготвувал терористички напад и незаконски изработувал оружје за таа цел, соопшти париското Антитерористичко обвинителство.

Полицаецот, чиј идентитет не е објавен, е ставен во притвор. Француските медиуми, меѓу кои и ТФ1, објавија дека тој бил поврзан со крајнодесничарски кругови и дека постои сомнение оти планирал насилни напади врз државни институции, а потенцијално и врз полицајци.

Истражителите се сомневаат дека користел 3Д-печатач за изработка на оружје. При претрес на неговиот автомобил и дом биле пронајдени делови од оружје.

Случајот следува по друг скандал во општинската полиција во Каркасон, каде случајно активирана камера на униформата на полицаец снимила разговори со расистички, сексистички и хомофобични коментари, како и изјави поврзани со теории на заговор. Обвинителството отвори истрага./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛОЖИ НОВ ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА – Мерките би опфатиле банки, дигитални финансии и спорт

ДЕСК

БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР СО ЈАСНА ПОРАКА – Нема враќање во ЕУ без референдум

ДЕСК

НАТО ГО НАЈАВИ СОСТАНОКОТ РУТЕ–ТРАМП НА ФЛОРИДА – Нови разговори за безбедноста и Алијансата

ДЕСК