Centar.mk
ЛОКАЛНО

Изминатата седмица санкционирани 123 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

ДЕСК

КХС: Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14.000 тони комунален отпад

ДЕСК

БЕЗ ВОДА ОД 09:00 ЧАСОТ – Прекин за дел од улицата „Коце Металец“

ДЕСК