Бугарската влада постави амбициозна цел до крајот на својот мандат бројот на странски туристи што ја посетуваат земјата да се зголеми од околу четири на осум милиони годишно.
Министерот за туризам Илин Димитров изјави дека паралелно со привлекувањето странски гости треба да се задржи и сегашното ниво на домашниот туризам. Плановите беа претставени на национална средба на претставници од државата, локалните власти и туристичкиот сектор во Царево.


