Centar.mk
СВЕТ

Полска повторно затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина

Полска вчера по вторпат привремено го прекина сообраќајот на аеродромите во Лублин и Жешов поради активности на воената авијација, додека Русија изведува нови воздушни напади врз Украина.

Полските вооружени сили соопштија дека противвоздушната одбрана е активирана поради руските напади врз цели во централна Украина, нагласувајќи дека станува збор за превентивни мерки за заштита на полскиот воздушен простор.

Истите два аеродрома беа привремено затворени и претходно денеска поради руски напади со дронови врз западна Украина. Тогаш Полска крена борбени авиони и ги стави системите за противвоздушна одбрана и радарите во состојба на готовност. Полската војска подоцна соопшти дека воздушниот простор на земјата не бил нарушен.

Според првичните информации, руски дрон кој се движел кон полската граница паднал или бил соборен на украинска територија, на околу четири километри од границата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ДИПЛОМАТСКИ КОНТАКТИ ЗА УКРАИНА – Локалното примирје кај Олешки под внимателно следење

ДЕСК

ЗАЛИВСКИТЕ ДРЖАВИ БАРААТ ДОГОВОР ЗА МИР – Нов дипломатски обид за спречување војна со Иран

ДЕСК

ТЕШКА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА – Десетици загинати по судир на два воза

ДЕСК