Centar.mk
СВЕТ

Мерц: Ерата на безусловното пријателство со САД е завршена

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека односите меѓу Германија и САД претрпеле фундаментална промена и дека ерата на „безусловното трансатлантско пријателство“ веројатно е завршена на подолг период.

На предизборен настан на ЦДУ во Берлин, Мерц рече дека од другата страна на Атлантикот се гледа промена на политичкиот став и на односот кон трансатлантскиот сојуз.

Тој оцени дека Германија треба да ја искористи новонастанатата ситуација за да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, посочувајќи го зголемувањето на издвојувањата за одбраната./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ДИПЛОМАТСКИ КОНТАКТИ ЗА УКРАИНА – Локалното примирје кај Олешки под внимателно следење

ДЕСК

ЗАЛИВСКИТЕ ДРЖАВИ БАРААТ ДОГОВОР ЗА МИР – Нов дипломатски обид за спречување војна со Иран

ДЕСК

ТЕШКА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА – Десетици загинати по судир на два воза

ДЕСК