Постојаниот претставник на Иран во канцеларијата на Обединетите нации во Женева, Али Бахреини, изјави дека економската криза во Ормускиот теснец е директна последица од американско-израелската агресија и поморската блокада.
Бахреини, за време на состанокот на високо ниво на Комитетот на ОН за трговија и развој, изјави дека Иран не треба да се обвинува за глобалните економски последици што произлегуваат од ограничувањата што земјата ги воведе за транзит низ Ормускиот теснец, објави „Press TV“.
За време на состанокот, Бахреини рече дека импликациите за глобалниот развој што произлегуваат од ситуацијата во Ормускиот теснец не можат да се одвојат од нејзините корени.
Иранскиот дипломат рече дека мора да има повеќе глобални напори за зајакнување на отпорноста на земјите во развој на вакви надворешни шокови, објави Танјуг. Бахреин го повика Комитетот на ОН за трговија и развој да обрне должно внимание на кумулативните влијанија од употребата на принудни мерки, како што се агресијата и блокадата против Иран, врз развојот и економската отпорност низ целиот свет./Извор:Makfax


