Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три се активни а четири се под контрола. Изгаснати се 24 пожари.

Активни се пожарите кај селото Белица во општина Македонски Брод, кај селото Брест во општина Чучер Сандево, и кај селото Алдинци в општините Крушево и Кривогаштани.

Под контрола се пожарите кај селото Тајмиште во општина Кичево, градската депонија во Делчево, кај селото Копаница во општина Сарај и на потегот меѓу селата Буринец – Локов – Селце и Елевци во општина Струга./Извор:Makfax/Извор:Makfax