Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Возач нема моќ да вработува, но Јанушев има, истрагата мора да се прошири

Скандалот со митото на возачот на Јанушев во Владата на Мицкоски не може да се заташка и истрагата мора да се прошири. Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито?, велат од СДСМ утрово преку соопштение.

„Возачот на Јанушев бил фатен со претходно обележани банкноти затоа што наводно барал 1.500 евра за да посредува во вработување пожарникар во Град Скопје.

Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО-ОКГ има.

Ова е само еден аспект кој отвора сериозен сомнеж.

Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?

Ова е втор скандал оваа година поврзан со кабинетот на Јанушев.

Посебен советник за економски прашања во кабинетот на Генералниот секретар на Владата беше дел од групата осомничени за лихварство и за перење пари.

Премногу скандали врзани со Јанушев, за неговиот имот, за неговата фирма во Бугарија, за неговите соработници….

Обвинителството се врати ли од екскурзија?

Истрагата мора да се прошири“, се вели во партиското соопштение./Извор:Makfax