Centar.mk
СВЕТ

Рубио: Вашингтон преговара со Киев за производство на „Патриот“ во Украина

САД и Украина преговараат за доделување лиценци на Киев за производство на ракети-пресретнувачи за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„За тоа сега се преговара“, рече Рубио, но предупреди дека не станува збор за непосредно решение, бидејќи дури и со добиена лиценца, зголемувањето на производствените капацитети би траело неколку години поради времето потребно за изградба на фабрики.

Тој истакна дека се работи за „исклучително софистицирано оружје“ и додаде дека преговорите би можеле да бидат успешни, но дека тоа нема да ги задоволи итните потреби на Украина на краток рок.

Рубио нагласи дека ракетите за противвоздушна одбрана се многу барани, особено на Блискиот Исток, а американските производствени капацитети и залихи се главната пречка за нивно снабдување./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК