Нови детали за пожарот на двокатниот автобус на ЈСП кај Видиковецот на Водно покажуваат дека брзата и совесна реакција на возачот спречила огнот да се прошири кон околната вегетација.
Според информациите, пожарот започнал откако се запалила електричната инсталација на автобусот.
Бонус видео:
Нема повредени лица во пожарот што избувна денеска во автобус на ЈСП „Скопје“ без патници, кој сообраќал на Средно Водно.
Пожарот е изгаснат со интервенција на две возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита.- Благодание брзата реакција и присебноста на возачот кој го паркирал на соодветно место, пожарот не се проширил во околината, изјави Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Град Скопје./Извор:Makfax


