Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар

По повеќечасовна борба со пламените јазици дебарските пожарникари пред полноќ успеаја да го изгаснат пожарот кој избувна над градот, во атарот на селото Татар Елевци.

-Со натчовечки напори успеавме да го изгаснеме големиот пожар што зафати површина под селото Татар Елевци, над самиот град. Убедени сме дека истиот беше подметнат, вели Џетан Мифтароски, командир на Територијална противпожарна единица.

Станува збор за тешко пристапен терен, а биле зафатени нискостеблеста, дабова шума и сува трева.

Поради високите температури и зголемениот ризик од пожари Мифтароски упатува апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно.

-Го повторуваме апелот за претпазливост, до граѓаните, земјоделците, сточарите, со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Сите треба да бидеме свесни дека со нашето совесно однесување придонесуваме во заштитата на животна средина, имотите и заедниците во целина. Потсетувам дека во сила е целосната забрана за движење во шумите, која е продолжена до 30 септември, рече Мифтароски.

Четиринаесетте пожарникари на оваа единица, интервенираат на подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. Од хуман аспект, а во согласност на локалните власти на двете општини, тие интервенираат и во пограничните населени места од албанскиот округ Пешкопеја, при неопходна потреба./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК