Centar.mk
СВЕТ

Епидемијата на ебола во ДР Конго продолжува да се шири, повеќе од 2.700 луѓе починаа

Епидемијата на ебола во Уганда е завршена, но ситуацијата не е под контрола во соседната Демократска Република Конго, изјави функционер на Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО го потврди ова откако владата на Уганда на 28 јули објави дека земјата е ослободена од болеста, која предизвика 20 случаи и два смртни случаи.

Светската здравствена организација ја следеше ситуацијата до оваа недела за да се осигури дека не е прекинат синџирот на пренос.

Втора најсмртоносна епидемија во историјата

Но, Мари Розелин Белизер, директорка на СЗО за вонредни состојби во Африка, на регионален состанок изјави дека бројот на случаи во Демократска Република Конго сè уште расте, и покрај одреден напредок. Епидемијата таму е втора најсмртоносна во историјата и ги надминува напорите за нејзино ограничување.

Според податоците на конгоанската влада, до вчера се регистрирани повеќе од 2.700 смртни случаи и повеќе од 5.600 инфекции./Извор:Makfax