Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Јанчев за пожарот во депонијата: Ова е напад врз градот, граѓаните и животната средина

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, вели дека постојат сериозни индиции дека пожарот во депонијата „Мелци“ е подметнат. Доцна синоќа тој се огласи на „Фејсбук“ и сподели видеа и фотографии од борбата со огнот.

„На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција. Екипите ќе работат во текот на целата ноќ, се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола. Станува збор за пожар кој, според досегашните сознанија и начинот на неговото избивање, покажува сериозни индиции дека е подметнат. Ова не е само напад врз депонијата – ова е напад врз градот, граѓаните и животната средина“, напиша Јанчев.

Тој повика надлежните институции да го истражат случајот до крај.

„Оние што намерно го загрозуваат здравјето и безбедноста на граѓаните мора да одговараат“, вели Јанчев./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

ДЕСК

СО 2,06 ПРОМИЛИ ЗАД ВОЛАН – Полицијата го приведе, а „Цитроенот“ му го одзеде

ДЕСК

ОГНЕНА ДРАМА ПРЕД ЗОРИ – Се запали паркирано „БМВ“, интервенираа пожарникарите

ДЕСК