Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Интензивно се работи на гаснење на пожарот на депонијата во Кавадарци, објави Јанчев

Интензивно се работи на терен на депонијата „Мелци“, со максимално ангажирање на механизација, опрема и човечки ресурси, со единствена цел – целосно нормализирање на состојбата, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Во моментов се ангажирани булдожери, багери, екипи на ЈП „Комуналец“, камиони и цистерни.

„Во акцијата се вклучени и општествено одговорни компании и институции, кои со својата механизација и ресурси даваат значаен придонес во справувањето со состојбата. Ќе се работи интензивно и континуирано, сè до целосно стабилизирање на состојбата и целосно прекинување на чадењето“, вели Јанчев.

Градоначалникот најави дека работите ќе продолжат сè додека ситуацијата во „Мелци“ не биде целосно ставена под контрола./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК