Centar.mk
-МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ЖЕШКО И НЕСТАБИЛНО ПОПЛАДНЕ: Локално пороен дожд, грмежи и можен град

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.

Температурите и натаму ќе бидат високи. Според метеоролошката карта, во јужните и југоисточните делови максималната температура ќе достигне до 40 степени, додека во централните делови ќе се движи околу 33 степени.

Во Скопје утринската температура ќе биде околу 20 степени, а максималната дневна ќе достигне до 37 степени. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

На запад температурите ќе бидат нешто пониски, со максимални вредности од околу 29 до 33 степени, додека на исток се очекуваат околу 32 до 33 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.