Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПРВО БУРИ, ПОТОА СОНЦЕ: ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ СТАБИЛИЗИРА ВО ТЕКОТ НА СЕДМИЦАТА

Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Прогноза за 25.08.2026
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 26.08.2026
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 27.08.2026
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.