Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ – предмет тежок 8,2 милиони евра

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да почне судењето за случајот „Државна лотарија“. Меѓу обвинетите е поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, заедно со уште седум лица.

Обвинителството тврди дека преку постапки поврзани со набавки и автоматска распределба бил предизвикан буџетски интерес од околу 507,6 милиони денари, односно приближно 8,2 милиони евра. Поранешниот директор на Државната лотарија Прпарим Бајрами е недостапен за органите.

Станува збор за обвинителни тврдења. Сите обвинети се сметаат за невини сè додека евентуална вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда.