Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДРАМА КАЈ БОНЧЕ – пожарот бил на чекор од селото

Драматична борба со пожарот се водела над прилепското село Бонче, каде огнената линија брзо се движела по падината кон населеното место. Стојанче Ангелов изјави дека ситуацијата била исклучително опасна и дека селото можело да биде директно зафатено.

Доброволните пожарникари од Битола и Кочани биле распоредени на линијата на огнот и успеале да го спречат неговото ширење кон куќите. Во интервенцијата биле вклучени и професионални пожарникари од Прилеп и Кавадарци.

Неколку доброволци вдишале чад, но според објавените информации нема изгорени куќи ниту загинати. Состојбата дополнително ја отежнувале високата вегетација и тешкиот терен.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК