Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

ПО СЕДУМ ДЕНА БИТКА СО ОГНОТ – заврши драмата во Мариово

По седум дена непрекината борба, пожарот во Мариово и последните активни краци во околината на Прилеп се изгаснати, соопшти прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Во интервенцијата во изминатите денови беа ангажирани голем број професионални и доброволни екипи.

Во гаснењето учествуваа ТППЕ Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, ЦУК, Армијата, Национални шуми, МВР, пожарникари од други градови и доброволни противпожарни друштва. Тешкиот терен и високите температури повеќепати ја отежнуваа операцијата.

Иако непосредната опасност е отстранета, по големите шумски пожари вообичаено продолжува контрола на теренот поради можност од повторно разгорување на скриени жаришта.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ВЕЕ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА – СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, НО ИМА КАШЕСТ СНЕГ: Вечерно предупредување од „Македонија пат“

ДЕСК

СТУДОТ Е САМО ПОЧЕТОК – Македонија ја очекува временски пресврт, обилни дождови, а потоа и снег

ДЕСК

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добиваат досега, работиме на понудата

ДЕСК