Двајца мажи се повредени во оружен напад во Арачиново. Според првичните информации од МВР, во 5:45 часот било пријавено дека на улицата „18“ се слушнале истрели, по што полициски екипи веднаш излегле на местото.
Било утврдено дека е пукано кон автомобил „шкода“ со скопски регистарски ознаки, во кој се наоѓале И.И. (34) и Ш.И. (42). Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Полицијата презема мерки за утврдување на сите околности, како и за идентификација на лицето или лицата што пукале.


