Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

РКМ доставуваше мазут кога на Европа ѝ недостигаше енергија – што покажаа сведочењата?

Во јавноста долго време се создаваше впечаток дека проблемот со набавката на мазут бил поврзан со начинот на кој РКМ го снабдувала ТЕЦ „Неготино“.

Но, според информациите за исказите на сослушаните претставници и вештачењата во предметот, сликата е поинаква.

РКМ се јавила на повикот на ЕСМ под услови кои важеле за сите потенцијални добавувачи.

Имало и друга понуда, но таа не била прифатлива поради количините што ги нудела.

Она што е особено важно е што во текот на истрагата, според објавените информации, не било утврдено дека РКМ не ја почитувала динамиката на испорака.

Немало прекин на производството на електрична енергија поради недостиг на мазут.

Прекини имало, но тие биле технички.

Ова е значаен податок бидејќи ТЕЦ „Неготино“ работеше во услови на енергетска криза, кога обезбедувањето на енергенси беше сериозен проблем не само за Македонија туку и за цела Европа.

Во такви услови, редовната испорака не била само комерцијално прашање, туку и прашање на енергетска сигурност.

Особено интересни се исказите на претставници на ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“, кои според објавените информации оцениле дека снабдувањето и динамиката со РКМ се одвивале подобро отколку со претходните добавувачи.

Тоа отвора едно едноставно прашање.

Ако испораката била навремена, ако немало прекини поради недостиг на мазут и ако самите претставници на државната компанија го оцениле снабдувањето позитивно — што точно било проблемот со испораката?

И токму тука се гледа зошто вештачењата и сведочењата се толку важни.

Обвинението може да почне од сомнеж.

Но, за да продолжи до суд, потребни се докази.