Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пеколна ноќ кај Церово: Пожарникарите цела ноќ во битка со огнената стихија

Тетовските противпожарни екипи во текот ноќта водеа битка за локализирање на пожарот кај Церово во Општина Желино, со цел да се спречи негово натамошно ширење кон околината. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али и командантот на Територијалната противпожарна единица Тетово, Авни Ахмети, беа на терен и директно ја координираа состојбата.

Екипите на ТППЕ Тетово беа распоредени на критичните точки околу селото Церово. Противпожарните единици интервенираа директно на теренот за да го запрат напредувањето на огнот и да го стават под целосна контрола во најкус можен рок.

Раководните лица на ЦУК и тетовската противпожарна бригада ја следат состојбата на терен за навремена реакција доколку има промена на условите.

Центарот за управување со кризи упати директен апел до граѓаните за зголемена претпазливост при движење и престој на отворено. Одговорното однесување во природата е од клучно значење за превенција од нови пожари во овој период./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК