Centar.mk
СВЕТ

САД воведоа нови санкции врз Куба; Рубио: Нема да толерираме антиамерикански активности

САД воведоа нови санкции врз Куба. Девет субјекти и три поединци се додадени на црната листа поради наводни злонамерни активности насочени против САД. Мерките се насочени кон раководството на Кубанскиот институт за пријателство со народите (ICAP), а санкционирани се и девет кубански државни субјекти, вклучувајќи го и Министерството за градежништво.

Санкции против ICAP

Американскиот министер за надворешни работи, Марко Рубио, изјави дека санкциите против ICAP се поврзани со охрабрувањето на широка мрежа луѓе што ги здружува за да дејствуваат против САД. Мрежата, додаде тој, главно работи лажно претставувајќи се како образовни или културни здруженија, а нејзината цел е да пронајде нови поддржувачи и да ги поттикне на екстремни дејствија.

Рубио истакна дека Куба се обидела да ја искористи стогодишнината од раѓањето на Фидел Кастро во последните денови за да ја активира мрежата и да донесе поддржувачи во Хавана за да се поврзат со кубански владини претставници.

„Со денешните дејствија, јасно ставаме до знаење дека администрацијата на Трамп нема да ги толерира напорите на кубанскиот режим да ја финансира сопствената репресија или продолжувањето на повеќегодишната кампања на субверзивни антиамерикански активности“, рече Рубио.

Трамп ги прошири мерките во мај

Новите санкции доаѓаат по извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп од мај, со која се проширија мерките против кубанските владини претставници, припадници на безбедносните сили и нивните поддржувачи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО ТУРЦИЈА – Климатските активисти бараат вистински промени од светските лидери

ДЕСК

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА НА МИСИСИПИ – Танкер удри во крузер во Њу Орлеанс, најмалку 32 лица повредени

ДЕСК

СВЕТСКИ ДИПЛОМАТСКИ СОБИР ВО КАМБОЏА – Министрите разговараат за мирот и иднината на франкофонските држави

ДЕСК