Centar.mk
СВЕТ

Американскиот министер за војната со Иран: Или сте со нас или сте против нас

САД ќе ги воведат „најстрогите санкции во историјата“ врз Иран, изјави вчера министерот за финансии Скот Бесент, додавајќи дека економските мерки треба да ја намалат потребата од нови големи воени операции против Техеран. Неговата изјава дојде откако претседателот Доналд Трамп се закани со „економска војна“ еден ден претходно и предупреди за економски последици за секоја земја што ќе обезбеди „каков било вид финансиска помош за Иран“.

Бесент изјави за CNBC дека ќе даде повеќе детали на прес-конференција во понеделник и ќе „зборува за тоа што точно ќе правиме“ со Иран. „Тоа е двоен удар. Имаме блокада (кон Иран) и ќе ги имаме најтешките санкции во историјата“, изјави тој.

„Или сте со нас или против нас“

„Ќе функционира. Ќе го собориме тој режим. Време е нашите сојузници и остатокот од светот да донесат одлука“, рече Бесент. „Или сте со нас или против нас“. На прашањето дали САД ќе ја нападнат Кина поради работењето со Иран, Бесент рече дека е најдобро дискусиите да останат приватни.

„Имајте предвид дека Кинезите добиваат 50 проценти од својата енергија од Заливот. Затоа би било многу корисно за нив да се вклучат во програмата“, рече тој.

Речиси 50 години, од Исламската револуција во 1979 година, Иран трпи речиси континуирани економски санкции./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО ТУРЦИЈА – Климатските активисти бараат вистински промени од светските лидери

ДЕСК

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА НА МИСИСИПИ – Танкер удри во крузер во Њу Орлеанс, најмалку 32 лица повредени

ДЕСК

СВЕТСКИ ДИПЛОМАТСКИ СОБИР ВО КАМБОЏА – Министрите разговараат за мирот и иднината на франкофонските држави

ДЕСК