Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонското Собрание ќе ја одбележи 35-годишнината од независноста на Украина

Во понеделник, 24 август, во Собранието, со почеток од 10:45 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Настанот ќе го отвори потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, а предвидено е обраќање на членови на Интерпартиската парламентарна група, како и на амбасадорката на Украина, Лариса Дир. На настанот свое обраќање ќе имаат и амбасадори од земјите членки на Европската Унија.

Во рамки на одбележувањето на независноста на Украина ќе бидат отворени изложбите – „Враќање на сеќавањето на Херсон“ и „Светското наследство на Украина под заштита на УНЕСКО“.

Исто така, ќе биде промовирана и книгата „Црниот гавран: Останатиот“ од авторот Васил Шкраљ, во Кристалната сала на Собранието.

Од Собранието наведуваат дека сесијата е во насока на зајакнување на парламентарната соработка со Украина и потврдување на заложбите за континуирана поддршка./Извор:Makfax