Centar.mk
Курсна листа на Народната банка курсеви на странските валути
МОЗАИК

Италијанка случајно фрлила добитно ливче од милион евра, комуналците го пронајдоа во камион за отпад

Добитно лото-ливче вредно еден милион евра беше пронајдено во Италија, откако неговата сопственичка побарала помош од комуналните служби, пренесува АФП.

Жената го проверила ливчето во локална продавница, каде што на апаратот се појавила порака дека добивката не може да биде исплатена на тоа продажно место. Погрешно помислила дека не добила ништо и го оставила ливчето, кое подоцна завршило во отпад.

Кога се вратила дома, член од семејството ѝ кажал дека извлечените броеви се совпаѓаат со оние што редовно ги игра. Таа веднаш се вратила во продавницата, но ливчето веќе било фрлено.

За среќа, комуналните служби успеале да го запрат камионот за отпад пред да стигне на депонија. Работниците со часови го пребарувале отпадот и на крајот го пронашле добитното ливче.

„Вистинско чудо е што останало неоштетено“, изјавил директорот на компанијата за управување со отпад. Кога ѝ ја соопштил веста на добитничката, таа се расплакала од среќа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

ДЕСК

ОСАМЕНОСТА МОЖЕ ДА ПОСТОИ И ВО БРАК – Истражување отвора прашања за здравјето на постарите лица

ДЕСК

ДЕНЕС ЅВЕЗДИТЕ НОСАТ ИЗНЕНАДУВАЊА – Три знаци пред важна одлука, еден може да добие порака што менува сè

ДЕСК