Centar.mk
СВЕТ

СЗО: Најголемата епидемија на ебола во историјата на Конго излегува од контрола

Светската здравствена организација (СЗО) повика на поголема меѓународна поддршка за справување со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, оценувајќи дека болеста се шири побрзо отколку што може да се стави под контрола, пренесува „Еуроњуз“.

Од почетокот на епидемијата, прогласена на 15 мај, регистрирани се 3.802 потврдени случаи, од кои 1.707 завршиле со смртен исход. Закрепнале 727 пациенти, а под надзор се околу 17.000 лица кои биле во контакт со заразените.

Најпогодена е североисточната провинција Итури, каде се регистрирани речиси 90 проценти од случаите.

Епидемијата е предизвикана од сојот Бундибугио, за кој засега нема докажано безбедна и ефикасна вакцина или лек. Од СЗО наведуваат дека се во тек испитувања на нови терапии и вакцини, а првичните резултати се охрабрувачки./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РЕЧИСИ 1.500 МИГРАНТИ СПАСЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН КАЈ КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ – Највисок дневен број од 2020 година

ДЕСК

НОЌНИ НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Загинат инженер, оштетени трафостаници и мост, пожар во индустриски комплекс

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА И ВОЕНИТЕ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО ЦРНА ГОРА СО НОВ ДОГОВОР – Ќе разменуваат податоци за криминал

ДЕСК