Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Египет

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени рано утринава го погоди североисточниот дел на Египет, соопшти турската Управа за катастрофи и вонредни состојби (AFAD).

Потресот бил регистриран околу 3 часот по локално време во покраината Исмаилија, на длабочина од 5,47 километри.

Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во повеќе градови, вклучително и во Каиро.

Египетската Црвена полумесечина соопшти дека засега нема информации за повредени лица или материјална штета, а Министерството за здравство ги ставило сите болници во состојба на максимална подготвеност./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ МЕЃУ НОРДИСКИТЕ ДРЖАВИ – Разговор со Путин отвори нова дипломатска расправа

ДЕСК

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС ВО БРАЗИЛ – Валутата падна за околу 9 проценти, берзата за 14 проценти по изборите

ДЕСК

ВАШИНГТОН СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ОПОЗИЦИЈАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА – Рубио бара реформи пред нови избори

ДЕСК