Centar.mk
СВЕТ

Најмалку 18 загинати во новите израелски напади врз Појасот Газа

Најмалку 18 Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, соопштија палестински медицински извори.

Нападите биле извршени врз Газа, Деир ал Балах и Кан Јунис, а меѓу загинатите има и деца. Палестинските служби наведуваат дека во нападите биле погодени куќи и шатори во кои биле сместени раселени лица.

Израелската армија соопшти дека нападот во Деир ал Балах бил насочен кон двајца команданти на елитната единица „Нухба“ на Хамас.

Во меѓувреме, и покрај најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за напредок кон прекин на огнот, израелскиот министер за енергетика Ели Коен изјави дека нема договор за запирање на воените операции и дека Израел би можел да ја преземе целосната контрола врз Газа доколку Хамас не се разоружа.

Од Хамас порачаа дека покажале значителна флексибилност, но инсистираат Израел прво да ги запре нападите и да ги повлече своите сили од Газа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ВО СИБИР – Пријавена авионска несреќа со руски воен транспортен авион и 17 загинати

ДЕСК

СЕРИОЗЕН ПРЕКИН ВО ТАЈНАТА КОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА НА АМЕРИКАНСКАТА НСА – Вработените пристигнуваат во различни термини, засега нема докази за кибернапад

ДЕСК

ПО 26 ГОДИНИ СЕРИОЗЕН УДАР ЗА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ВО САД – Малите сипаници повторно голем проблем

ДЕСК