Centar.mk
СВЕТ

ЦРВЕНА ТРЕВОГА ВО СЛОВЕНИЈА: Екстремна опасност од пожари

Словенечките власти прогласија црвена фаза на опасност од пожари во југозападните делови на земјата, а во останатите региони важи портокалово предупредување. Причината се екстремните температури, сувата вегетација и високиот ризик од брзо ширење оган.

На целата територија е забрането палење оган на отворено, фрлање запалени предмети и организирање огномети. Полицијата и инспекциските служби најавиле засилени контроли.

За југозападниот дел е издадено и црвено метеоролошко предупредување, со температури до 39 степени. Мерките се важни и за македонските граѓани што патуваат или работат во Словенија.