Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Убаво летно време низ Македонија – каде ќе бидат највисоките температури?

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утрото ќе биде свежо, особено во повисоките места и котлините, каде минималните температури ќе се движат од околу 5 до 10 степени.

Во текот на денот ќе преовладува пријатно топло време, со максимални температури од 22 степени во западните и повисоките предели, до 30 степени во југоисточните делови на земјата. Во поголемиот дел од Македонија дневната температура ќе биде меѓу 25 и 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до околу 10 степени, а дневната ќе достигне околу 29 степени.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК