Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нова најава за поскапување на горивата а сметката повторно ја плаќаат граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Во Хрватска бензинските пумпи веќе ограничија точење гориво пред најавеното драстично поскапување.

Информациите протекоа денеска. Од вторник се очекува значителен скок на цените.

Прашањето е едноставно:
Дали Христијан Мицкоски повторно ќе ги повика соседите да доаѓаат да точат гориво во Македонија?

Лани, со намалувањето на ДДВ-то на горивата, Македонија стана бензинска пумпа за регионот.

Соседите доаѓаа, полнеа и си заминуваа. Буџетот загуби значителни приходи. А што добија македонските граѓани?

Ништо. Само привремено пониски цени кои брзо се вратија, додека државата остана без дел од даночните приходи што требаше да одат за плати, пензии и инвестиции.

Денес состојбата е уште полоша.

Инфлацијата продолжува да ги топи реалните приходи.

Потрошувачката кошничка расте.

Минималната плата не мрда. Пензиите не го следат растот на цените.

Земјоделците се оставени без сериозна поддршка, а линеарните поскапувања на репроматеријали, ѓубривата и горивата дополнително ги уништуваат.

За две години оваа власт ја задолжи државата со околу 2,5 милијарди евра нови долгови.

Странските инвестиции паднаа за повеќе од 60 проценти.

Европскиот пат е блокиран. Македонија нема да има пристап до претпристапните фондови на ЕУ – пари што требаше да одат во инфраструктура, земјоделство, млади и развој.

Резултатот е јасен:

Повисоки цени. Пониски реални приходи. Поголем долг. Помалку инвестиции. Изолација.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ продолжуваат со истата политика – краткорочни потези за политички поени, а долгорочна штета за граѓаните и економијата.

Сметката повторно ја плаќаат обичните луѓе. А одговорноста ја избегнуваат токму оние што ја создадоа оваа состојба.