Centar.mk
фото МНР
МАКЕДОНИЈА

Нова бура Скопје–Софија: Различни толкувања на протоколите

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека протоколите со Бугарија не претставуваат правен дел од Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија. Тој нагласи дека Софија има поинакво толкување и се обидува билатералните прашања да ги поврзе со пристапниот процес.

По неговата изјава реагираше поранешниот министер Бујар Османи, кој посочи дека со години тврдел оти протоколите формално не се дел од рамката. Муцунски возврати дека разликата е во правната обврзувачка сила што, според него, претходно им била давана на документите.

Шефот на дипломатијата потврди дека разговорите со Софија, земјите членки и европските институции продолжуваат, но дека во моментов нема договор што може да биде претставен пред јавноста. Тој додаде дека решение нема да се прифати по цена на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК