Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Скандалот со водата во Гостивар покажа уште еднаш како СДС, ДУИ и Таравари постапуваат кога одговорноста треба да ја понесат нивните функционери.
Наместо веднаш да побараат утврдување на одговорност и брза реакција од локалните институции, тие избраа да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани.
За нив, поважно е да ги заштитат своите партиски кадри отколку да дадат одговори на граѓаните кои со право бараат како дошло до ваква состојба и зошто институциите не реагирале навреме.
Јасно е дека кога станува збор за нивните функционери, СДС, ДУИ и Таравари применуваат двојни аршини, едни критериуми за политичките противници, а сосема други за сопствените кадри. Таквиот пристап ја поткопува довербата на граѓаните во институциите и испраќа порака дека партиската припадност е поважна од одговорноста.
Додека локалната власт доцнеше со реакција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни активности за справување со состојбата и заштита на јавниот интерес.
Граѓаните имаат право да очекуваат целосно расчистување на случајот, утврдување на евентуална одговорност и преземање мерки за вакви ситуации никогаш повеќе да не се повторат. Никој не смее да биде заштитен или привилегиран поради политичка припадност.
Граѓаните очекуваат одговорност, транспарентност и навремена реакција, а не политички изговори и селективни критериуми.
Време е СДС, ДУИ и Таравари да престанат да ги штитат своите функционери и да покажат дека интересот на граѓаните е пред партискиот интерес.


