Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ОКГ обвинува за дезинформации – а секое наше предупредување се покажа точно

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-OKГ денеска објави дека СДСМ шири дезинформации за кризата со водата.

Дезинформации?

Како оние резултати од анализите на водата во болницата во Лешок за кои СДСМ предупреди?

Како мигрантите што ги прекрстија во „економски работници“ – владата веќе увезе 10.000, а бара уште 50.000 следната година? За тоа пишуваа водечки светски медиуми.

Како унгарскиот кредит од кинески пари што денес е под истрага во Будимпешта, а СДСМ тоа го најави уште пред шест месеци?

Дали СДСМ ширеше дезинформации кога кажа дека Мицкоски планира да купи нов авион? А потоа самиот Мицкоски објаснуваше дека му треба поголем „затоа што го болат колената“?

Дали СДСМ лажеше кога кажа дека тендерите за чистење се поврзани со фирма на директорот на СОЗР, а ДКСК потоа утврди дека „татко му не му е татко“?

Дали поради петте тони дрога што Мицкоски повеќе не ги споменува, а истрагата во Србија добива епилог?

Дали затоа што СДСМ најави дека Орбан ќе падне, додека ВМРО со своите „истражувања“ ги уверуваше граѓаните дека Орбан ќе победи, а Мицкоски беше единствениот што јавно му даде поддршка?

Дали затоа што СДСМ кажа дека обвинителството е целосно под контрола на Мицкоски а тоа го потврди и извештајот на Европската комисија?

Дали затоа што кажавме дека „српскиот свет“ управува со Македонија а Европската унија истото го потврди во својот извештај?

За Алта банка во која е целото ВМРО, а е во сопственост на браќата Вучиќ? За врската Алфа–Алта?

Дали СДСМ ширеше дезинформации кога рече дека Мицкоски нема да ги исполни реформите до 1 Јуни – како што и не ги исполни?

Дали кога кажавме дека Мицкоски не сака ЕУ поради независното и европското обвинителство, затоа што ќе мора да одговара а потоа самиот рече дека ќе чекаме децении и збогум Европо?

Или можеби мислат на тоа што СДСМ објави дека половина од Владата и половина од ВМРО имаат бугарски пасоши за себе и своите семејства, фирми и бизниси во Бугарија а потоа го повлекоа законот за двојно државјанство?

За која точно дезинформација зборуваат ВМРО-ОКГ и Латас кога ги пишуваат овие соопштенија?

Барме да бидат прецизни, за да им биде јасно на граѓаните на Македонија.

Еве конкретен предизвик:

Јавно нека изјави организираната криминална група ВМРО дека водата во Гостивар, Валандово, Крушево и Лешок е здрава и безбедна.

Нека го демантираа СДСМ и нека кажат дека шириме дезинформации.

Чекаме.