Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: По труењето на граѓаните – сега страдаат и приватните бизниси

Соопштение на СДСМ:

Поради загадената вода во Гостивар, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе изрече 30 казни и 12 забрани за работа. Засилените контроли продолжуваат, а дел од угостителските објекти, продавниците и производителите веќе се соочуваат со ограничувања и затворања.

Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка.

Жртви на организираната криминална група ВМРО, на нивните нестручни кадри и на потполната негрижа за јавното здравје.

Прво беа труени граѓаните. Сега цената ја плаќаат и приватните бизниси – пекари, угостители, трговци, кои ниту ја загадија водата, ниту ја прикрија информацијата.

Ова е истиот модел како и кај цените. Месеци наназад СДСМ бараше мерки за да се ублажи ударот од поскапувањето на нафтените деривати.

Мицкоски и неговата влада немаа капацитет да ги воведат. Резултатот? Секојдневни поскапувања што ги плаќаат граѓаните.

Сега, повторно поради грешки на институциите под команда на Мицкоски, граѓаните беа отруени, а приватниците ќе ја почувствуваат последицата на сопствена кожа.

Нема крај на рушењето на државата.

Економски колапс. Изолација. Загадена вода. Загрозена храна. Уништени бизниси.

Сè за две години владеење на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.