Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лошо започна денот во Илинден: Масовна сообраќајка со повеќе повредени лица

На 23.07.2026 во 08:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„8“ во нас.Илинден, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од Илинден, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(18) од Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(32) од с.Миладиновци, скопско и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.С.(51) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата сопатничка Р.К.(65) од Скопје, додека со телесни повреди другата сопатничка Т.К.(36) од Скопје, како и возачот на возилото „фолксваген голф“ и неговиот 17-годишен сопатник од Скопје и 32-годишната Н.В. од патничкото возило „цитроен“, констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје и Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Можеби ќе ве интересира

СИЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, снег на планините и ветер, од вторник утрински температури под нулата

ДЕСК

РАМА СО ПОРАКА ЗА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА – Албанија нема да се меша во одлуката за уставните измени

ДЕСК

МУЦУНСКИ ДЕНЕСКА ВО АТИНА – Македонија на состанок за иднината на Западен Балкан

ДЕСК