Centar.mk
МАКЕДОНИЈАПРОМО

ДОАЃААТ ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО АВГУСТ, А ПОТОА УШТЕ ЕДЕН ВАЖЕН НЕРАБОТЕН ДЕН: Уште колку неработни денови преостанаа до крајот на 2026-та?

Наместо 2-ри август кој доаѓа во недела по повод Празникот Илинден, неработен ќе биде понеделник 3-ти август со што сите граѓани добиваат продолжен викенд.

Подоцна за граѓаните од православна вероисповед следува празникот Успение на Пресвета Богородица кој се паѓа во петок, со што за голем дел од граѓаните се создава уште еден продолжен викенд.

Во септември пак имаме важен неработен ден по повод Независноста и тоа на 8-ми септември кој се паѓа во вторник.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ
• 8 септември (вторник), Ден на независноста,
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден,
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
• 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик