Centar.mk
БИЗНИС

Во мај 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата достигна 49.544 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2026 година, изнесуваше 49 544 денари, соопшти Државниот Завод за Статистика.

Во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.9 %, Уметност, забава и рекреација за 11.3 % и Транспорт и складирање за 10.9 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6.3 %, Рударство и вадење камен за 5.8 % и Транспорт и складирање за 5.7 %.

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА НА ЛИСТА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ – Македонската берза со известување до инвеститорите

ДЕСК

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ НОВАТА КУРСНА ЛИСТА – Еве колку ќе чинат еврото, доларот и фунтата од утре

ДЕСК

ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИКОТ НА АЛТА БАНКА ВО СРБИЈА – Нов пресврт по одземањето на банкарската дозвола

ДЕСК