Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Реформи во администрација и континуирано зголемување на платите со цел создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор во служба на граѓаните

Прес конференција на Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни чекори за реформа на јавната администрација, со цел да создаде професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе работи во интерес на граѓаните.

Еден од најважните резултати е усвојувањето на трите системски закони, како што е Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Со нив се поставува нова законска рамка за поефикасно функционирање на администрацијата и се поставија стабилни темели на систем насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна јавна администрација, поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби.

Паралелно со законските измени, посебно внимание беше посветено на подобрување на статусот на административните службеници.

Во партнерство и дијалог со синдикатите се постигна историски договор преку колективните договори со кој се обезбеди континуирано зголемување на платите на административците за 40 проценти до 2028 година.

Ова е јасен показател дека реформите не се само промени на хартија, туку се насочени и кон подобрување на условите за работа и мотивирање на административните службеници кои секојдневно работат во институциите.

Определба на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јавната администрација да биде сервис на граѓаните, а не бирократска пречка.

Затоа продолжуваме уште попосветено и со неуморна работа да спроведуваме реформи кои носат стабилен и функционален систем.