Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ самостојно ги реализираше девет од вкупно десетте реформски закони предвидени со Реформската агенда.
Тоа што остана незавршена реформска обврска е Изборниот законик, што е директна последица на блокадата од страна на СДС, Левица и ДУИ.
Наместо поддршка за реформите и процесите, кои се од интерес за државата и граѓаните, овие три политички партии повторно се обединија, со единствена цел да го закочат напредокот и да го попречат спроведувањето на реформските политики.
Ваквата блокада претставува обид за создавање политичко алиби за претстојниот изборен пораз и основа за идна виктимизација, наместо конструктивен придонес кон реформскиот процес.
Македонија досега е меѓу најуспешните земји во регионот во спроведувањето на законите од Реформската агенда, како и во користењето на средствата од Планот за раст и тоа е благодарение на посветеноста и неуморната работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Наспроти блокадите и опструкциите на обединетата коалиција против реформите СДС, Левица ДУИ како и на нивниот политички модел на дејствување, Македонија да не напредува, тоа нема да се случи.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со спроведување на реформите и исполнување на преземените обврски, со цел напредок на државата и подобри услови за живот на граѓаните.


