Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено го решава проблемот во Гостивар

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

За разлика од кадарот на СДС, ДУИ и Таравари, во името на Валбон Лимани, кои освен што задоцнија со мерките и помошта на граѓаните, не се ни извинија и оградија од нивниот кандидат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа како треба да се справуваме во време на криза.

Над 60 тони вода секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на СОЗР. Препораки и мерки за тоа што треба да се прави во оваа локална епидемија, беа веднаш предочени од ИЈЗ и Министерството за здравство. Осомничените за овој скандал беа веднаш приведени и притворени од страна на МВР и се работи на собирање на докази кои ќе бидат доставени до ЈО. Дополнително се работи и на отстранување на проблемот, со кој беа затруени нашите сограѓани од Гостивар за да можат побрзо да ја користат водата барем за технички потреби. И најважно, очекуваме во оваа истрага обвинителството и судството да си ја завршат својата работа, а не како пред 6 години кога за модуларната болница, наместо Филипче, виновен да е кабелот.

Ете, ова е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во време на кризни моменти. Некои ја сфаќаат сериозно работата и испорачуваат, а други ликуваат.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК