Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

Соопштение на СДСМ:

Тимчо Муцунски вчера изјави дека Македонија им нуди на индиските компании „конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар“.

Прашањето е: како?

Како ќе им понудиме излез на стоки кон европскиот пазар кога сме целосно изолирани?

Како од слепо црево на Балканот да се стигне до европскиот пазар – освен преку шверц, како што видовме со петте тони дрога што поминаа низ земјата?

Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја држи Македонија надвор од европскиот пат веќе две години.

Реформите се блокирани, а самиот премиер јавно кажува дека ќе чекаме децении.

Во меѓувреме, Тимчо нè убедува дека сме „подготвени да бидеме долгорочен партнер“ на инвеститорите.

Какво владеење на правото?

Европската комисија објави еден од најлошите извештаи досега токму за политизираноста на правосудството и директното влијание на Мицкоски врз институциите. А Тимчо зборува за „зајакнување на владеењето на правото“.

Каква бизнис клима?

Странските инвестиции паднаа за над 60% откако ВМРО-ОКГ е на власт. Ниту еден сериозен инвеститор не доаѓа во земја каде што владее криминал, корупција и политичка контрола врз институциите.

Тимчо зборува за „подобрување на бизнис климата“, додека реалноста е дека климата е таква што ги брка инвеститорите.

Горди сме на НАТО, вели Тимчо. До вчера ВМРО се бореше против влезот во НАТО, а денес Мицкоски преговара за БРИКС како руски proxy играч.

Гордоста доаѓа откако веќе сме внатре. Додека сме во НАТО, Мицкоски и неговите луѓе градат врски со оние кои се спротивставуваат на европскиот и евроатлантскиот пат.

Кога зборува за иновации, образование и дигитална трансформација, Тимчо очигледно мисли на „иноваторите“ од типот на градоначелникот Орце.

На препишувањето на историјата како што тоа го правеше будимпештанскиот романописец – Груевски, и на дигитална трансформација преку билборди и вештачка интелигенција во служба на графички дизајн.

А кога зборува за култура, веројатно мисли на Латас и неговата српско-националистичка, геобелсова пракса, антиевропска и проруски ориентирана култура на тајните служби.

Каква е таа порта, со 10 часа чекање на граница?

Ова е вистинската понуда на ВМРО-ОКГ: изолација, криминал, политизирано правосудство и бегање од Европа кон БРИКС.

А Тимчо тоа го нарекува „нови перспективи за соработка“. Само не знаеме со кого… можеби со Вучиќ.