Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ОД 34 НА САМО 18 СТЕПЕНИ: Македонија пред нагло заладување и пообилни врнежи

Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.

Прогноза за 24.07.2026
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Прогноза за 25.07.2026
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 23°C до 31°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 26.07.2026
Минимална температура: 6°C до 16°C
Максимална температура: 29°C до 34°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.